Шкотска останува дел од Обединетото Кралство

Од:

Шкотска останува дел од Обединетото Кралство, одлучија избирачите на вчерашниот референдум.

Над 55 проценти од избирачите гласале против иницијативата Шкотска да добие независност по 307 години.

Резултатите од референдумот покажаа дека поддршката за унијата е поголема од очекуваната врз основа на анкетите направени пред самото гласање и во текот на гласањето. Излезноста на референдумот беше 87 проценти, што е најголема излезност во демократскиот свет откако по Првата светска војна е воведено општото право на глас.

Од 32 окрузи, за независност на Шкотска најмногу граѓани се изјасниле во најголемиот шкотски град Глазгов, во два окрузи во неговата околина и Данди, град кој се смета за најголемо упориште на поддржувачите на независност.

Унијата голема поддршка имала во главниот град Единбург, центарот за нафтена индустрија Абердин, во окрузите на англиската граница и на Шетландските и Оркниските острови.

Шкотскиот премиер Алекс Салмонд по објавување на резултатите изјавил дека ја прифаќа одлуката на народот „во овој момент Шкотска да не биде независна држава“, но и дека „повеќе нема враќање на старото“.

„Нашиот рефернедум беше дел од процесот до кој дојдовме со договор и согласност од сите страни. Ја повикувам цела Шкотска да ја прифати демократската волја на народот. Излезноста од 87 проценти е една од најголемите во демократскиот свет…Ова е кампања која ги инспирираше луѓето, сите бевме дел од неа. Кампањата ги допре сите делови на општеството до кои политиката никогаш не допрела. Нема да има враќање на тоа што беше пред ова. Вестминистер почувствува страв, затоа што почувствува масовно движење против себе“, рекол Салмонд.

Британскиот премиер Дејвид Камерон рече дека е време Британците заедно да тргнат напред, дека резултатите се јасни и нема простор за расправа.

„Прашањето за независност е решено барем за една генерација, а можеби, како што вели Алекс Салмонд, засекогаш. Беше во ред тоа што ја почитувавме желбата на народот на Шкотска да се изјасни. Сега нема место за двоумење и расправа. Нема место за повторување“, рече Камерон.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски