Претседателот на ДПА Тачи се сретна со евроамбасадорот Орав

Од:

Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска во седиштето на партијата се сретна со евроамбасадорот Аиво Орав. На состанокот, кој е во рамки на интензивните средби со меѓународните претставници, се разговарало за актуелната политичка ситуација во земјата, инцидентот во Собранието, деблокирањето на интеграциските процеси на земјата, меѓуетничките односи и други политички прашања.

ДПА, како што се наведува во соопштението, „го информирал Орав за притисокот врз албанската опозиција да замолчи и да се донесат одлуки на штета на албанското население“.

Во однос на прашањето околу интеграциските процеси, Тачи истакнал дека Албанците од Македонија никогаш нема да се откажат од патот кон членството во ЕУ и НАТО и во оваа насока ДПА ќе продолжи да комуницира со сите релевантни чинители во земјата и во странство. Подвлекол и дека сега се случуваат многу важни моменти за земјата и за регионот и дека вината за блокирањето на евроинтегрирањето е власта.

Амбасадорот Орав во име на официјален Брисел апелирал пратеничката група на ДПА да се врати во Собранието и таму да ја продолжи политичката битка како опозициска партија.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он