На најновата ФИФА ранг листа објавена денеска, македонската репрезентација забележа пад од 36 позиции, најголем во нашата историја. „Црвено-жолтите“ од 76. место во августовското рангирање, сега со 286 бодови се наоѓаат на 112. место.
Расипувањето на пласманот се должи на поразот од Шпанија во 1.коло од квалификациите за ЕП, но и слабите резултати на натпреварите одиграни во последните 12 месеци.
Од противниците на Македонија во евро-квалификациите во ТОП 10 се наоѓа само Шпанија. Украина е на 24.место, Словачка е 40-та, Белорусија е на 89.позиција, а најслабо пласиран е Луксембург – 127-ми.
Токму Луксмбург следниот противник на избраниците на селекторот Бошко Ѓуровски кои ќе бркаат победа и подобрување на ФИФА пласманот.
Во ТОП 10 се репрезентациите на Германија, Аргентина, Колумбија, Холандија, Белгија, Бразил, Уругвај, Шпанија, Франција и Швајцарија.
Следното рангирање Светската фудбалска федерација ќе го направи на 23 октомври.