Индустриите на четирите земји, членки на Вишеградската група (В4), Чешка, Словачка, Унгарија и Полска имаат можност да заживеат поради заедничкиот Проект за производство на 3Д воени радари, кој е договорен меѓу земјите минатата недела.
Како што јави дописникот на МИА од Прага, договорите, кои треба да бидат официјализирани викендов, ќе бидат финансирани од Министерствата за одбрана во вредност од околу 300.000 евра.
Се работи за заедничко производство на 24 радари од два различни типа, кои можат да се употребуваат во воени операции. Рокот за производство е краток, договорено е нивната употреба да почне во 2017 година, кога треба да се заменат веќе дотраените советски радари.