Тропската бура „Поло“ прерасна во ураган на Пацифичкиот брег кај Мексико, соопшти денеска Американскиот национален центар за урагани.
Во текот на ноќта Поло прерасна во ураган, со брзина на ветерот од 120 километри на час и можност за натамошно јакнење.
Поло се наоѓаше синоќа околу 290 километри од пристаништето Мансанило и се движи кон Запад со брзина од десет километри на час долж брегот.
Во исто време, околу 25.000 туристи и натаму се „заробени“ на полуостровот Долна Калифорнија во севернозападниот дел на Мексико, два дена откако ураганот „Одил“ го погоди тоа подрачје.