Французинот Ерик Дунет ги едуцира хирурзите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Од:

Еминентниот француски хирург Ерик Дунет, кој работи (естетска хирургија, реконструкција на гради што е негова специјалност, како и хирургија на врат) во три болници во Париз, веќе една недела на хирурзите на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија им го пренесува своето знаење и искуство во областа на реконструкција на дојка и естетски операции на лице.

Дунет изјави дека рече дека земањето масно ткиво од телото може да биде полесно за реконструкција на градата, но исто така и за подмладување на лицето. Колегите, посочи тој, се многу добри и само можам да им донесам некои мали детали.

Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија Смиља Туџарова укажа на неколку интервенции кои ги правеле. Се заблагодари до Министерството за здравство што го донело стручниот професор Ерик Дунет.

Додаде дека наместо еден да биде едуциран во странство сите 14 пластични хирурзи од Клиниката имаат чест да се запознаат со знаењето и искуството на Дунет во областа на реконструкција на дојка и естетски операции на лице.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски