Камерон и Салмонд се среќаваат за шкотскиот референдум за независност

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон и шкотскиот премиер Алекс Салмонд, се среќаваат денеска во Лондон на нова рунда разговори околу организирањето и одржувањето на референдум за шкотската независност.

Камерон и Салмонд се среќаваат во рамките на конференцијата на заедничкиот комитет, на кој присуствуваат и претставници од другите делови во Велика Британија, каде е извршен процесот на деволуција – Велс и Северна Ирска.

За референдумот на кој ќе се одлучува за политичката иднина на Шкотска, денеска разговараат и британскиот министер за Шкотска Мајкл Мор и шкотскиот заменик прв министер и министер за референдум, Никола Старджен.

Разговорите на Мор и на Старджен се однесуваат на денот кога би требало да се оддржи референдумот, како и за тоа дали на референдумското гласачко ливче граѓаните на Шкотска ќе треба да се определуваат за едно или за две прашања.

Владата во Лондон се залага, референдумот да се оддржи на пролет идната година, додека Алекс Салмонд и неговата сепаратистичка СНП, која има апсолутно мнозинство во Парламентот во Единбург, инсистираат референдумот да се организира во октомври 2014 година.

Двете страни не мже да се спогодат и околу тоа дали да се гласа само за независност или да има и алтернативно прашање за зголемена деволуција, односно за уште повеќе овластувања што од Лондон би биле префрлени на Парламентот и Владата во Единбург.

Британскиот министер Мор претходно најави дека разговорите за сите овие „технички“ прашања би можеле да завшат до крајот на октомври.

Последните истражувања на јавното мислење, покажуваат дека 43 отсто од Шкотланѓани се за проширување на деволуцијата, а 32 отсто се определуваат за целосна независност и за отцепување на Шкотска од Велика Британија.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски