СДСМ: Во Могила на големо се произведува тутун на црно, кој се е вмешан?

Од:

„Додека вие, чесните производители на тутун, се соочувате со една од најтешките реколти досега, на само 10-тина километри одовде, во околината на Могила, некој дебело заработува од одгледување тутун на црно.

Еве фотографии од земјиштата на коишто е посаден крупнолисниот тутун – Тип Вирџинија.

Вие и знаете дека за овој тип тутун, Вирџинија, нема откупни претпријатија во земјава, а дека според Законот, тутун може да садат само земјоделци кои имаат склучено договор со откупно претпријатие.

Не се работи за мали парцели. На десетици хектари земјоделско земјиште противзаконски се произведува крупнолисниот тутун – Тип Вирџинија!

Tutun1

Според информации на искусни тутуно-производители, откупот на недозволениот крупнолисен тутун се врши за цена помеѓу 5 и 7 евра за килограм.

Тоа е помеѓу 300 и 420 денари за килограм, од овој тутун! На црно!

Колку е платена вашата чесна тутунарска мака? 110 денари. 180 денари најмногу, по килограм тутун. Споро, по низа ценкања со откупувачите и власта.

Додека десетици илјади семејства живеат од легално производството на оваа мачна земјоделска култура, има други привилегирани поединци и семејства кои дебело заработуваат.

Надлежните институции, Државниот инспекторат за земјоделство и Министерството за внатрешни работи, треба да одговорат, дали со нивно знаење се произведува тутун на црно, за којшто нема легален откуп, што е спротивно на законот?

Кој го врши откупот и транспортот на овој тип тутун?

Каде завршуваат илјадници тони од тутунот Вирџинија и за што се користи? Кој и колку заработува од нелегалното производство на тутун во околината на Могила, избегнувајќи данок кон државата?

Дали можеби лица блиски до владејачката партија се засегнати во овој случај?

СДСМ ја повикува власта да им ги даде овие одговори на тутунарите и на граѓаните на Република Македонија“, рече на денешната прес-конференција Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он

ВИДЕО: Нова оставка во СДСМ и повик за смена на раковдството

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата