Што ви е, Шкотланѓани?

Од:

Шкотска ќе одржи референдум по прашањето дали да ја напушти Британија. Анкетите покажуваат пораст на поддршката за независност во последните пет месеци, главно затоа што активистите на кампањата успеаја да го намалат факторот на страв, т.е. загриженоста поради економските ризици од самостојноста. Моментално изгледа дека за резултатот на референдумот ќе одлучи само случај.

Имам една порака за Шкотланѓаните: треба да се плашите, треба многу да се плашите. Ризиците од самостојноста се огромни. Можеби мислите дека Шкотска може да биде како Канада, но веројатно е дека ќе излезе како Шпанија, само без сонце.

Споредбата на Шкотска со Канада налик е разумна. Конечно и Канада е како Шкотска, релативно мала економија која поголемиот дел од својата трговија ја извршува со многу поголем сосед. Исто како Шкотска, Канада стои политички лево во однос на тој гигантски сосед. Канадскиот пример покажува дека тоа е можно. Канада е просперитетна, економски стабилна (иако сум загрижен поради високата стапка на долг по домаќинство и она што личи на огромен станбен балон) и успешно ја спроведува левата политика во однос на САД: самостојно здравствено обезбедување, голема помош на сиромашните, повисока општа даночна стапка.

Дали Канада ја плаќа цената на независноста? Веројатно. Продуктивноста на трудот е само три четвртини во однос на САД, а дел од тој јаз веројатно има врска со фактот дека канадскиот пазар е мал (да, имаме договор за слободна трговија, но податоците укажуваат дека границата и понатаму ја обесхрабрува трговијата). Па сепак, може да се каже дека на Канада и оди добро.

Но, Канада има сопствена валута, што значи дека нејзината влада не може да остане без пари, да може да ги спасува своите банки и слично. Независна Шкотска тоа нема да го може. А тоа прави огромна разлика.

Дали Шкотска може да има своја валута? Можеби, иако шкотската економија е уште потесно интегрирана со економијата во остатокот на Британија, отколку што е тоа случај со Канада и САД, па одржувањето на друга валута би било тешко. А и шкотското движење за независност се изјасни дека ќе ја задржи фунтата како национална валута. Комбинацијата од политичка независност со заедничка валута претставува рецепт за пропаст. И тука доаѓаме до поучната приказна за Шпанија.

Ако Шпанија и другите земји кои ги напуштија своите валути и преминаа на еврото, се дел од вистински федерален систем, со заеднички институции на управата, поновата економска историја на Шпанија би личела на таа на Флорида. Двете економии доживеаја огромен станбен бум од 2000 до 2007 година. Во двете видовме како бумот се претвори во спектакуларна пропаст. Двете земји поради таа пропаст претрпеа остар пад на растот. Во двете земји економската пропаст значеше пад на приходите од даноците и пораст на потрошувачката на субвенциите за невработени и други форми на помош.

Меѓутоа, нивните потези се разидуваат. Во случајот со Флорида, поголемиот дел од фискалниот товар на економскиот пад не го поднесе локалната влада, туку Вашингтон, кој продолжи со издвојување за социјално осигурување и здравствена заштита, а ја покри и помошта за невработените. Имаше големи загуби на станбените кредити и многу банки на Флорида пропаднаа, но многу загуби паднаа на федералните кредитни агенции, додека федералното осигурување го заштити седиштето. Јасно ви е што сакам да кажам: Флорида во време на кризата доби огромна помош.

Наспроти Флорида, Шпанија цела цена од кредитната пропаст ја поднесе сама. Резултатот беше фискална криза, која многу го влоши стравот од банкарска криза, со која шпанската влада нема да може да излезе на крај, бидејќи буквално можеше да остане без готовина. Скокна цената на задолжувањето во Шпанија и Владата беше принудена на мерки за брутално штедење. Тоа предизвика огромна економска депресија, вклучувајќи ја стапката на невработеност на младите над 50 отсто, од која Шпанија едвај почна да зајакнува.

Не помина само Шпанија толку лошо, туку и поголемиот дел од јужна Европа и пошироко. Дури и земјите на еврозоната со стабилни финансии, како Финска и Холандија, доживуваат длабоки и долготрајни економски падови.

Накусо, се што се случуваше во Европа од 2009 година покажа дека е многу опасно да се има заедничка валута, без заедничка управа. Во економски жаргон, фискалната и банкарската интеграција се суштински елемент на оптималната валутна зона. Независна Шкотска која користи британска фунта би била во уште полоша состојба од евро земјите, кои барем имаат некаков удел во одлучувањето за политиката на Европската централна банка.

Целосно ми е неверојатно дека Шкотска воопшто сака да тргне по тој пат, после се што се случи изминатите години. Ако шкотските гласачи навистина веруваат дека е безбедно да се биде земја без валута, тие се во тешка заблуда.

Њујорк тајмс – Њујорк

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски