ФОТО: Чувар убил 300.000 Евреи во Аушвиц

Од:

Триесет и деветгодишиот Оскар Гронинг е обвинет за убиство на 300.000 Евреи, во озлогласениот логор Аушвиц, соопштија обвинителите од Хановер во Германија.

Тој е обвинет поради помош во извршување на злоделата во логорот на смртта во окупирана Полска и тоа за периодот од мај до јуни 1944 година, кога работел како чувар во установата.

auschwitz

Во овој интервал 425.000 Евреи се доведени од Унгарија, од кои 300.000 се задушени со гас.

-Покрај тоа што давал поддршка на суровиот систем во логорот, бил соучесник во убиствата и од жртвите извлекувал и материјална корист. Крадел од личните предмети и пари на заробните Евреи -истакнуваат државните обвинители во својата изјава.

Неговиот адвокат Ханс Холтерман одби да ги коментира обвиненијата, додека Гронинг изјави дека не убил никого, туку само бил сведок на злосторствата.

auschwitz1

Тој за едно германско списание во 2005 година опиша инцидент на кој присуствувал, а кој се случил во логорот кога војник слушнал плач од бебе.

-Видов еден нацистички војник како го крева бебето за нозе и со него удира во челичниот дел од камионот, за да престане да плаче- рекол тој.

Инаку Грононг кој живее во околината на Хановер е еден од 30 поранешни чувари во Аушвиц, кои федералните истражители им ги „препорачале“ на државните обвинители повторно да ги испрашуваат, но според новиот германски закон.

auschwitz12

Томас Валтер кој застапува 20 жртви во Аушвиц, но и нивните семјства во случајот против Гронинг, вели дека ова е последна можност да учестувува во донесување правда против еден нацист, кој имал улога во масовните убиства на Евреите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пред 79 години е ослободено најстрашното место во историјата на човештвото, Аушвиц

Русите не се поканети на годишнината од ослободувањето на Аушвиц

ВИДЕО: Пред 78 години е ослободен Аушвиц, најлошото место во историјата на човештвото

Романот „Библиотекарката од Аушвиц“ од Антонио Итурбе објавен на македонски јазик

На годишината на ослободувањето на Аушвиц, Бундестагот оддаде почит на жртвите на Холокаустот

Ана Ололовска

Шокантно откритие на градската управа на Потсдам – Јозеф Гебелес е се уште на листата на почесни граѓанини

Ана Ололовска