Ситуацијата во Украина е аргумент повеќе за завршување на нуклеарните централи во Темелин и Дуковани, изјави чешкиот министер за индустрија Јан Младек, на Конферренцијата на Бизнис форумот за снабдување со гас на Европа, јави дописникот на МИА од Прага.
Министерот, исто така, повторно предупреди на можна криза со гас на Балканот.
Според Младек, земјите како Бугарија, Босна и Херцеговина и Молдавија обезбедуваат гас само од Украина и згора на тоа немаат доволно резервоари.
– Ризикот од хуманитарна катастрофа на „смрзнати луѓе“ е сосема реален, рече Младек.
Тој, додаде дека Европската унија треба да почне да ја решава ситуацијата сега, а не да чека до јануари.