Две тепачки во Тетово

Од:

Две тепачки со двајца повредени се случиле во Тетово во текот на вчерашниот ден, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Инцидентот со посериозни последици се случил вчеравечер околу 20 часот и 30 минути на булеварот „Маршал Тито“ во Тетово.

– Во засега сеуште неутврдени околности, се случила физичка пресметка помеѓу И.Џ.(34) од Доброште и Б.Е.(44) од Тетово. Значително алкохолизиран, тетовецот со стаклен предмет, шише или чаша, му нанесол видливи повреди на главата и рацете на И.Џ. од кои тој обилно крварел по што со такси-возило заминал во тетовската клиничка болница. По укажаната лекарска помош тој итно бил префрлен на скопските клиники но е надвор од животна опасност.Извршен е увид, фотодокументирано е местото а пронајдените траги и стаклени парчиња се подигнати за вештачење.Тетовецот Б.Е приведен е и задржан во Полициската станица Тетово.Се расчистуваат сите поединости околу овој случај, по што против него ќе следува соодветен поднесок, изјави Јосифовски.

Другиот инцидент бил пријавен околу 18 часот од страна на Ј.О.(22) од Пирок. Според Јосифовски, на булеварот  „Илинденска“ во Тетово по претходна вербална расправија тој бил физички нападнат и со тупаници удиран по главата и телото од тетовците Б.Р.(24), И.Р.(34) и Ш.Р(46).  Во исказот во полицијата Ј.О. рекол и оти при нападот бил удрен и со тврд предмет по главата но потоа успеал да избега со видливи повреди на главата и телото.

– Тројцата учесници во нападот по извесно време неповикани дошле во Полициската станица Тетово, разговарано е со нив и подоцна се пуштени. Се превземаат конкретни активности за расчистување на случајот, рече портпаролот на СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Втор пат за еден ден, дел од Тетово е без струја

Дефект на трафостаница во Тетово, без струја околу 5000 корисници

Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година

24-годишно момче од Тетово си го истепа три години постариот брат

Сојузот на борци преку отворено писмо бара да нема промена на имиња на улиците во Тетово

А1он

Одбележани 24 години од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски