Британски таксист е следна жртва на исламистите?

Од:

Британскиот таксист од Манчестер, Алан Хенинг (47) е следен на листата на заробеници на припадниците на Исламска држава, кому му се заканува смрт.

Овој татко на две деца, е киднапиран додека работел во хуманитарен камп. На тргнување од својот дом рекол дека ова му е последен пат да патува во Сирија, бидејќи сопругата го молела да не оди повеќе. Неговата сестра му испратила порака во која му ветува дека кога ќе се врати, го очекува голема забава по повод неговиот роденден.

-Среќен 47-ми роденден на мојот помал брат Алан Хенинг. Едвај чекам да се вратиш и да направиме забава. Те сакам – гласи пораката која сестра му ја оставила на „Твитер“ покрај неговата фотографија од детството.

Алан Хенинг кого пријателите го викаат „Геџет“, е киднапиран во јануари 2014 година и од тогаш е во заложништво. Неколку пати патувал во Сирија за да им помогне на загрозените во судирите.

Неговиот колега од хуманитарниот камп, кого грабнувачите го ослободиле и испратиле на границата со Турција, од каде што се вратил во Велика Британија изјави дека сите милитанти зборувале англиски јазик, имало Либијци и Алжирци и дека го малтретирале Алан поради неговата вера.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Во Германија пет лица се обвинети за помагање на Исламската држава

Разбиена исламистичка група во Австрија