Австралискиот премиер Тони Абот денеска најави дека на барање на САД, Австралија ќе испрати воен персонал и авиони-ловци во Обединетите Арапски Емирати, кои ќе се вклучат во меѓународната коалиција за борба против Исламската држава.
Абот прецизира дека во следните неколку дена кон ОАЕ ќе се упати австралиски воен контингент од 600 војници.
– Австралиското учество претставува разумен и соодветен придонес во идната (антитерористички) коалиција – изјави Абот, додавајќи дека Владата се уште не решила дали австралиските војници ќе се вклучат во копнени борбени операции.