Променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи

Од:

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи од дожд и електрични празнења, особено во источните делови каде локално се очекува да наврнат над 30л/м2 воден талог.

Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени.

Во Скопје променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Температурата до 25 степени.

До среда ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд.

За овој период се очекува локално да наврнат над 50л/м2 воден талог.

Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски