Може ли да се живее од стриптиз во Македонија? Ова прашање и видеото од вестите на една телевизија со национална концесија, предизвика бура од реакции во јавноста и на социјалните мрежи.
Во линковско вклучување од центарот на Скопје, стриптизетата, позната како Црна мачка говори за својот живот-дека е гостинка и кај некои видни луѓе, дека имала понуди од странство, но и останала верна на Македонија.
Дали е ова информација за на вести и со директно линковско вклучување е прашањето на граѓаните. Напоменуваат дека телевизијата, која вербално и за јавноста пропагира традиционални и семејни вредности, сега со ова линковско вклучување во вестите пропагира нешто сосема друго.
„Дали и ова е начин да се замаи јавноста и да се одвлече вниманито од се поголемите социјални проблеми“, ова е еден од коментарите на социјалните мрежи
Сериозни се и забелешките на сметка на телевизијата.
„Ова е дно на невкусот е непрофесионалноста“, сметаат граѓаните.