Ракометарите на унгарскиот шампион Веспрем ја постигнаа и четвртата победа во исто толку натпревари во СЕХА лигата, откако попладнево го совладаа шампионот Вардар со 31:23 (17:12).
Ова беше дуел од 7. коло, но поради обврските на двете екипи во Лигата на шампионите се одигра порано.
Веспрем натпреварот го почна сигурно и по 15 минути водеше со 8:4. До крајот на првиот дел унгарскиот тим ја одржуваше предноста од 3-5 голови разлика. Во второто полувреме Вардар во неколку наврати имаше негатива од три голови, а од 23:20 во 47. минута Веспрем направи серија од 5:0 и во 53. минута беше 28:20 со што победникот беше решен.
Најефикасен на натпреварот беше Момир Илиќ со 12 гола, додека кај Вардар Тимур Дибиров постигна 5 голови.
Со денешната победа Веспрем е прв со максимални 12 бода пред Вардар со 9.
Вториот наш претставник во СЕХА лигата, Металург вечерва во 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го игра натпреварот со Раднички.