Првакот на Бундес лигата Баерн Минхен ја оствари втората победа во шампионатот откако попладнево на „Алијанц Арена“ го совлада Штутгарт со 2:0.
Стрелци на головите беа Марио Геце во 27. минута и Франк Рибери во 85. минута.
На другите натпревари од 3. коло одиграни денеска беа постигнати следниве резултати: Борусија Дортмунд – Фрајбург 3:1, Херта – Мајнц 1:3, Падерборн – Келн 0:0, Хофенхајм – Волфсбург 1:1.
Во терминот од 18:30 часот почнува натпреварот Борусија Менхенгладбах – Шалке.
На вчера одиграниот натпревар Баер Леверкузен – Вердер 3:3.
Утре играат Ајнтрахт – Аугсбург и Хановер – Хамбургер.
Табела: Баер Леверкузен 7 бодови, Баерн 7, Борусија Дортмунд 6, Падерборн 5, Мајнц 5, Келн 5, Хофенхајм 5,…