Првиот натпревар од третото коло од Бундес лигата одигран синоќа во Леверкузен најави ефикасно коло. Беа постигнати шест голови, а двата тима освоија по еден бод – дуелот заврши без победник – 3:3. За домаќинот Баер Леверкузен по двете стартни победи ова беше прв „неуспех“ нерешен резултат во новото првенство од Бундес лигата.
Во рамките на третата рунда денеска се играат дуелите: Баерн – Штутгарт, Борусија Дортмунд – Фрајбург, Херта – Мајнц, Хофенхајм – Волфсбург, Падерборн – Келн и Борусија Менхенгладбах – Шалке.
Колото ќе биде комплетирано со утрешните натпревари: Ајнтрахт Франкфурт – Аугсбург и Хановер – Хамбургер.
Табела: Баер Леверкузен 7 бодови, Падерборн 4, Хофенхајм 4, Келн 4, Ајнтрахт 4, Баерн 4, Хановер 4,…