Екипата на Олимпик Лион синоќа оствари победа на првиот натпревар од 5. коло во француската Лига 1. Поранешниот шампион на Франција го совлада Монако со 2:1 и со тоа ја прекина серијата од три порази по ред.
Денеска се играат шест натпревари од оваа рунда, а двојките се: Рен – ПСЖ, Бастија – Ленс, Монпеље – Лориен, Ница – Мец, Ремс – Тулуз и Сент Етиен – Каен.
Утре на програма се дуелите: Лил – Нант, Генгамп – Бордо и Евиан – Олимпик Марсеј.
Табела: Бордо 10 бодови, ПСЖ 8, Лил 8, Олимпик Марсеј 7, Рен 7, Лориен 7, Нант 7, Сент Етиен 7,…