Претпладне сончево, попладне нестабилно облачно

Од:

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и најпрво во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи.

Во вечерните часови врнежите ќе се прошират и на останатите делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а доцна попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Врнежливото и нестабилно време ќе продолжи до вторник.

Во недела и во понеделник локало процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи и со силни електрични празнења. За овој период се очекува локално да наврнат над 50 литри дожд на метар квадратен.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски