Изложба „Експериментален цртеж“ на ДЛУМ во Прага

Од:

Изложбата „Експериментален цртеж“ која шеста година по ред ја организира Друштвото на ликовни уметници на Македонија оваа година ќе се оддржи на 15 септември во Палата Луцерна во Прага.

Претседателот на Друштвото на ликовни уметници на Македонија Сергеј Дамовски денеска на прес-конференција информираше дека на изложбата, со своите дела ќе се претстават 62 ликовни автори членови на Друштвото.

– Самата изложба е всушност еден микс на техники кои што се поврзани со цртежот и поврзани со другите ликовни изрази на некој начин, преку скулптурата, сликарството, графиката… Тоа на некој начин е сублимат или сопствен идентитет на уметниците да се претстават со едно свое видување на употреба на самиот цртеж, истакна Дамовски.

Појасни дека основниот акцент на проектот „Експериментален цртеж“ е ставен на критичкото преиспитување на природата и вредноста на цртежот во комбинација со широк спектар на уметнички техники и дисциплини.

Изложба е поддржана од Министерство за култура на Македонија.

Би можело да ве интересира

Скопски урбани приказни – во 5 и 17

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска