Времето утре – облачно со појава на краткотраен дожд

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Попладне облачноста ќе е намалува, кон крајот на денот ќе се повлекува кон исток, а во западните делови ќе има повеќе сончеви периоди.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје слично време, претпладне умерено до значително облачно со услови на краткотрајна нестабилност, а кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува повремено умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Од сабота попладне ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат во вид на порој проследени со грмежи.

Врнежливо и нестабилно време ќе продолжи и во недела кога врнежите ќе бидат пообилни, а се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен за 24 часа.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски