Исламска држава ИС објави дека во својот воен арсенал има и воени авиони, кои што ги заробила во сириската база ал Табка, која екстермистите ја освоија пред две недели.
Во новиот пропаганден видео запис, борци на ИС позираат со млазњаци и мавтаат со црното знаме на калифатот, но сепак не се гледа ниту еден авион во лет.
За сега не е познато дали тие имаат се што е потребно за пилотирање, поправки, одржување и вооружување на заробените авиони.
Според некои медиуми, по битката за ал Табка заробени се неколку пилоти со нивните авиони и хеликоптери, а милитантите на „Твитер“ изјавија дека заробените пилоти сега ги тренираат нив.
Е. Г.