ОМ: Што е денеска во Македонија независност?

Од:

„ОМ денес би сакале да излезат во јавноста со оптимистична изјава и искрени честитики по повод Денот на Независноста. Ние ги испраќаме честитиките до сите оние кои веруваат и верувале во Македонија, иако нешто не ни дава чувство за голем оптимизам, бидејќи како никогаш досега во славната и бурна Македонска историја не ни бил одземен сонот и идеалите како денес.

Но политичките фигуретки кои од објективни и субјективни причини не можеле да бидат дел од политичкото збиднување во деведесеттите години, учесници во борбата за независност на Македонија, затоа што некој од денешните министри биле во претшколска возраст, а некои повисоки финкционери во каква таква школска возраст, а еден меѓу нив на највисока финција, од субјективни причини и од убедување како верен до крај подржувач на Југославија, како член на СКМ и СКЈ. Истите тие денес го злоупотребуваат и носат кодот на ВМРО – ВМРО ДПМНЕ. Поради таквите навидум случајни минувачи во политиката ни ја конфискуваа мислата и на народот му наметнаа мисла која Македонија ја влече во се поголеми понижувања и срам. Тие кои успеаа да ни го одземат сеќавањето, минатото, ни наметнаа сегашност која нема една доприна точка со независноста. ОМ пред олтарот на Македонија на овој голем 8-мо септемврски ден одговараат, зошто не можеме да бидеме оптимисти и да славиме независност.

Што е денеска во Македонија независност? Дали се независни универзитете, академијата, дали таму имаме слободномислечки луѓе и колку?.  Дали независноста  подразбира слобода на изразување, дали ние имаме  независни и слободни медиуми, дали граѓаните на Македонија имаат чуство дека живеат во држава на слободно мислење и израување, дали имаме независни институваичи и што тоа денес е независно? Дали е независна највисоката законодавна власт – Парламентот, дали независно одлучува? Дали е независна извршната власт – Владата на РМ и дали независно одлучува? Дали е независна судската власт во РМ која во последните години пред очите на целата македонска и светска јавност организира   монтирани процеси осудени од целокупната домашна и меѓународна јавност? И тоа не допира до нив, односно продолжуваат – „остваруваат“.

ОМ јасно го одредија својот пат, иако денес не изразуваме оптимизам поврзан со македонската реалност или сегашност, сепак ние силно веруваме во Македонија и ја продолжуваме борбата за независност и слобода што  е безвремен процес“, се вели во соопштението на Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

Германија ќе ја поддржи резолуцијата на ОН за признавање на палестинската државност

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

ОМ: Министерство за политички систем и етнички национализам

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Ова е вековен сон на целиот македонски народ

Катерина Ѓуровски

ОМ: Народот не ве плаќа за циркус, однесувајте се цивилизирано во Собранието

Ана Ололовска

Обединети за Македонија: Една држава – едни униформи

Ана Ололовска