Честитка од претседателот Иванов по повод Денот на независноста

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов по повод 8 Септември – Денот на независноста на Републиката упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

– Пред 23 години, единствени во намерата да бидат свои на своето, македонските граѓани на 8 Септември 1991 година, на нашиот трет Илинден, храбро, решително и одговорно го остварија вековниот сон на нашите предци за слободна, независна и суверена Република Македонија.Во изминатите 23 години доживеавме моменти на славење, но и на разочарување. Се радувавме на стекнатата независност, издржавме пред бројните искушенија и, покрај се, останавме доследни на нашиот праведен пат. Патот беше трнлив, но ни помогна да изградиме силно чувство за сопствената држава, да бидеме посилни, посплотени и поуспешни, се наведува во честитката на Иванов.

Денес сме горди, нагласува претседателот Иванов, што успеавме да ја изградиме Македонија како демократска држава во која владее правото. Посветени кон остварување на нашата европска и евроатлантска иднина, како што додава, ја отворивме Македонија кон светот и ја направивме меѓународно призната и почитувана.

– Третиот Илинден е ден на благодарност кон хероите, Илинденците и АСНОМ-ците, но и ден на обврска кон хеорите на иднината – нашите деца. Заветот на нашите предци е да трасираме сигурен пат за нашите потомци. Секоја нова реформа, секој нов закон, секоја нова инвестиција, секое ново работно место е влог во иднина на младите луѓе, истакна Иванов.

Тој посочува дека вложувањето во нашата сегашност е вложување и во нивната иднина. – Продолжуваме да ја градиме Македонија како економски силна и развиена, напредна и успешна. Македонија во која се негува вековната традиција на соживот, прифаќање и почитување на различноста, држава на благосостојба и солидарност, земја на иновации и нови технологии. Тоа можеме да го оствариме само со единство, на кое најгласно не потсетува и денешниот голем ден, нагласува во честитката претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска