Американскиот атлетичар Џејсон Гетлин истрча најдобро време сезонава во најбрзата дисциплина 100 метри.
Гетлин синоќа во Брисел на митингот од „Дијамантската лига“ делницата од 100 метри ја истрча за 9 секунди и 77 стотинки, оставајќи ги зад себе сонародникот Мајкл Роџерс со време 9,93 и Асафа Пауел од Јамајка со резултат 9,95.
За поранешен светски рекордер, олимписки првак од 2004 година во Атина и светски првак од Хелсинки во 2005, Гетлин ова е најдобар резултат во кариерата.
Дека Гетлин е во извонредна форма потврди и на трката на 200 метри, на која триумфира со резултат 19 секунди и 71 стотинки, што за само три стоти делови од секундата побавно од неговиот најдобар резултат оваа година.
Мутаз еса баршим од Катар го скокна вториот резултат на сите времиња со 243 центиметри, а заедно со Бондаренко го нападнаа светскиот рекорд на Хавиер Сотомајор од 246цм, но не успеаја.