Функционери на ДУИ го тргнале македонското знаме покрај спомен-плочата на Мајка Тереза

Од:

Функционери на Демократската унија за интеграција побарале да се тргнат државните знамиња поставени покрај спомен-плочата на местото каде некогаш се наоѓала куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје, јави Алсат-М.

Според телевизијата, на одбележувањето на 17-годишнината од упокојувањето на нобеловката Гонџа Бојаџиу, од Здружението „Скопјанката Мајка Тереза“ биле поставени две државни знамиња на двете страни од плочата, но функционери на ДУИ, кои дошле да положат цвеќе, побарале да се тргнат знамињата.

Пратеникот Рафиз Алити не сакал да го коментира отстранувањето на државните знамиња или тоа што немалое албанско знаме. За тоа што спомен-плочата е на македонски и англиски јазик, Алити одговорил дека цел свет знае која е Мајка Тереза.

– И покрај плочата, Мајка Тереза самата се изјасни на која заедница ѝ припаѓа, така што во светот се знае дека таа се изјасни дека е Албанка. Но, таа беше мајка на сите деца на светот, мајка на сиромашните во светот. Што се однесува до плочите, секако дека со време реалноста е реалност и плочата ќе биде и на албански јазик – изјавил Алити.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓаните

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

Реџепи: Како ќе се поврзе Скопје со Блаце ако Качанички пат остане тесен и блокиран?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

ДУИ: Тендер од 42 илјади евра кај братучедот на директорот на „Бардовци“