Тодоров: Стивнува епидемијата на жолтица во Скопје

Од:

Епидемијата на жолтица го намалува интензитетот, а градинките и училиштата ги преземаат сите мерки и препораки за заштита од жолтица, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.

Тој додаде дека се очекува во наредниот период преземените мерки да дадат уште повеќе ефект и жолтицата да го намали уште повеќе интензитетот.

Во последните 24 часа во Скопје се регистрирани нови 7 случаи, со што вкупната бројка е 107 заболени од жолтица.

Според препораките градинките треба да направат дезинфекција, дератизација и дезинсекција на просториите, опремата и дидактичкиот материјал со кои располагаат. Темелно миење на рацете задолжително пред секое јадење и по секое одење во тоалет, миењето на раце треба да биде со течен сапун или со сопствен сапун.

Храната веднаш да се користи по подготвувањето и доколку не може да се употреби веднаш, да се чува на температура од 2 до 8 степени во фрижидер и при повторна употреба да се загрее на температура над 70 степени. Да не се консумира сурова и недоволно термички обработена храна, посебно месо и преработки од месо, непастеризирано млеко и млечни производи и јајца. Суровата и подготвената храна да се чуваат во фрижидер одделно во посебни заштитени садови за да се избегне можност за загадување на веќе подготвената храна. Да не се остава подготвената храна на собна температура, односно да се става подготвената храна веднаш во фрижидер по подготвувањето. Подготвената храна се препорачува во фрижидер да се чува максимум три дена и да не се подгрева повеќе од еднаш.

Овошјето и салатите потребно темелно да се измијат со силен млаз вода. Да се консумира безбедна вода за пиење, а доколку не се сигурни во нејзиниот квалитет водата да се проврие.

Во Скопје епидемија на жолтица беше прогласена на 22 август, а во Штип неколку дена претходно.

Заразната жолтица е заболување кое се пренесува по фекално-орален пат, односно вирусот од болно лице се исфрла преку фецес, најчесто со нечисти раце при внесување храна или вода. Вообичаените контакти меѓу луѓето не придонесуваат за ширење на болеста.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство