На порталот на ИСИС се појавија две фотографии, кои го шокираа светот. На едната се гледа бебе кое во рацете има калашников, а на другата дете на речиси иста возраст, кое лежи во знаме на џихадисти, во близина на огнено оружје.
Имено овие фотографии претставуваат цела колекција од слики на кои се гледа дека и малите деца ги обучуваат како терористи.
Освен на официјалниот портал на џихадистите, вакви фотографии има и на профили на лица кои преку социјалната мрежа „Твитер“ го промовираат џихадот.
Е. Г.