Еден од најблиските соработници на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал Багдади, е убиен во напад од воздух на ирачката армија во северен Ирак, објави началникот на ГШ генерал Бабакар Зебари.
– Ирачки воени авиони извршија операција во која беше убиен Абу Хаџр ал Сури, десната рака на Ал Багдади, изјави генерал Зебари.
Воздушната операција во провинцијата Ниневија е спроведена врз основа на точни разузнавачки информации и ја постигнала целта, додаде тој. Операцијата била извршена меѓу Мосул и Тал Афар.