Време: Променливо облачно со пороен дожд и грмежи

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално врнежите ќе бидат и поизразени со интензивен пороен дожд, засилен ветер и силни електрични празнења.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 19 до 27 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи особено во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Слично време се очекува и во туристичките региони каде ќе има повремени врнежи од дожд со појава на грмежи особено во попладневните часови. Во охридско-преспанскиот регион температура ќе достигне до 22, а во дојранскиот до 26 степени.

Позначителна промена на времето не се очекува и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски