Лавров: Русија е против влезот на Украина во НАТО

Од:

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров истакна денеска дека Русија е против влезот на Украина во НАТО и ги предупреди САД да не наметнуваат своја волја во поранешните советски републики.

Според Лавров, обидот да се смени статусот на државата „може да ги попречи напори кои имаат за цел покренување дијалог за националната безбедност“.

Лавров истакна дека Москва е подготвена да преземе „практични чекори“ со цел деескалација на кризата во Украина во согласност со предлозите кои во средата ги изнесе претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Се надеваме дека предлозите на Путин ќе бидат земени предвид, посебно од страна на официјален Киев, како и од претставници на Доњецк и на Лугањск, нагласи Лавров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски