Мистериозни лажни антени ги пресретнуваат повиците ширум САД

Од:

Дури 17 лажни антени за мобилни телефони се откриени минатата недела ширум САД.

Наместо да пружаат услуги на мобилната телефонија, антените се поврзани на блиските телефони, ги заобиколуваат нивните кодови, ги прислушуваат повиците или ги читаат пораките.

Извршниот директор на ЕСД Америка, Лес Голдсмит детектира 17 лажни антени за мобилни телефони со помош на „криптофон 500“.

– Пресретнувањето на повиците во САД многу повеќе се користи отколку што луѓето претпоставуваат, посочи Голдсмит.

Иако не е познато чии се антените, ЕСД откри дека неколку од нив биле поставени во близина на американските воени бази.

Антените не се на Националната безбедносна агенција (НСА), бидејќи таа прислушува без антени.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува