Откажувањето на испораката на „Мистрал“ нема да и наштети на руската модернизација

Од:

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека одлуката на Франција да ја откаже испораката за Москва на носачите на хеликоптери „Мистрал“ поради кризата во Украина, нема да и наштети на воената модернизација на Русија и нејзините планови за реформи.

– Иако е непријатно да се додаваат извесни тензии во односите со нашите француски партнери, откажувањето на договорот нема да биде трагедија за модернизација на нашата војска, изјави заменик министерот за одбрана на Русија, Јуриј Борисов.

Претходно денеска Франција соопшти дека во моментов нема поволни услови за испорака на првиот носач на хеликоптери „Мистрал“, планирана за октомври, од Франција за Русија.

– И покрај најавите за прекин на огнот, кои треба да бидат потврдени и реализирани, засега нема такви услови, соопшти кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд, еден ден пред самитот на НАТО во Велс, спомнувајќи ја како причина кризата во Украина.

Оланд во јули одлучи дека и покрај усвоените нови санкции против Русија, првиот носач на хеликоптери „Мистрал“ ќе биде испорачан во Русија до крајот на годинава, согласно договорот потпишан во јуни 2011 година во вредност од 1,2 милијарди евра, но втората испорака ја услови со однесувањето на Русија во украинската криза.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни