Извештај на „One“: Корупцијата убива годишно 3,6 милиони луѓе

Од:

Околу 600 милијарди евра годишно се одзема од најсиромашните држави во светот и милиони луѓе умираат поради корупција, се вели во извештај на американската органзиација против сиромаштија Оnе.

Според нив, сите напори кои во изминатите децении се вложени во обиди за борба против сиромаштијата, сега се загрозени поради организиран криминал и корупција – фантомски фирми и перење пари.

– Корупцијата годишно убива 3,6 милиони луѓе, се вели во извештајот на организацијата.

– Во државите во развој, корупцијата е убиец. Кога владите сопствените ресурси не можат да ги вложуваат во здравство, обезбедување доволно количини храна за сите и есенцијална инфраструктура, доаѓа до губење животи и најголема цена плаќаат децата, се вели во извештајот.

Поради тоа, Организацијата ги повикува челниците на самитот на Г-20 во Австралија да преземат потребни мерки за да ја информираат јавноста за тоа кои се сопственици на најголемите компании и да спречат намери за перење пари и криминални активности, како и да преземат мерки против лицата кои избегнуваат плаќање даноци.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија