Чешка ќе има коментари за новите санкции на ЕУ против Русија

Од:

Според чешкиот премиер Бохуслав Соботка, Чешка ќе има коментари кон предлог-санкциите на Европската унија против Русија, јави дописникот на МИА од Прага.

Предложените мерки кои треба да се однесуваат на финансискиот пазар или испораките на оружје, а за кои ќе се гласа в среда, чешката Влада ги добила денеска од Европската комисија.

Соботка, претходно најави дека од чешка страна постојат некакви резерви во однос на некои санкции, кои би придонеле за несразмерно големи економски штети.

-Ние мора да дејствуваме, земајќи ги предвид интересите на Чешка и ЕУ. Мислам дека Европа не треба со овие санкции самата себеси да си наштети. Ескалацијата на санкциите ја сметам за многу ризична работа, рече Соботка, додавајќи дека опасноста лежи и во руските одговори кон санкциите на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ЕУ донесе нов правилник за Шенген и гранична контрола

Горан Наумовски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница

Дејвид Гир од Тетово: Сакаме да работиме со сите кои го унапредуваат патот на земјата кон ЕУ

(ВИДЕО) Торнадо во Чешка подигна трамболина, а камењата летаа насекаде

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат