Министерот Ивановски организира прием на форумот за интернет владеење во Истанбул

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска, во рамки на 9. Форум за интернет владеење во Истанбул, Турција, организира прием и свечен работен ручек по повод промоцијата на кандидатурата на Република Македонија за член во Советот на Меѓународната телекомуникациска унија.

Настанот се одржа во хотелот Риц-Карлтон во Истанбул под покровителство на Акан Сувер, претседател на Мармара груп фондацијата и пријател на Република Македонија, и во соработка со Генералниот конзулат на Република Македонија во Истанбул.

На приемот присуствуваа Хулин Жао, заменик-генерален секретар на Меѓународната телекомуникациска унија, Вујица Лазовиќ,  вицепремиер во Владата на Црна гора, Гизела Копер, министер за информатички технологии на Коста Рика, заменик министерот за комуникации и информатички технологии на Република Азербејџан Елмир Велизаде, Меган Ричардс, челник на Делегацијата на Европската комисија во ИГФ, високи претставници од САД, директори на национални регулатори во областа на телекомуникациите и други еминентни гости.

Настанот особено го збогати учеството на Винт Церф, иноваторот на Интернетот кој изрази  поддршка на кандидатурата на Република Македонија за член на Советот на Меѓународната телекомуникациска унија.

Би можело да ве интересира

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on

Штрајкот на вработените во Управата за матични книги останува во мирување

Горан Наумовски