Невреме со пороен дожд и грмежи попладнево го зафати Скопје. Обилните врнежи поплавија дел од улиците и го отежнаа сообраќајот.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до крајот на денот ќе се задржи променливо време.
Повремени врнежи со локални грмежи ќе има до крајот на неделата. УХМР најави и позначителен пад на дневната температура, од 20 до 26 степени.