Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев, го именува Бастијан Швајнштајнгер за нов капитен.
Швајнштајнгер, ќе го замени досегашниот капитен Филип Лам кој по завршувањето на Светското првенство во Бразил каде „панцирните„ триумфираа стави крај на репрезентативната кариера.
Сепак Швајнштајнгер кој во моментов има проблеми со повреда на коленото, капитенската улога ќе ја преземе подоцна, но не и на пријателскиот натпреварот со Аргентина кој ќе се игра утре. На утрешната средба, која практично ќе биде реприза на мундијалското финале, улогата на капитен ќе ја има голманот Мануел Нојер.
Довербата од селекторот Леј, фудбалерот на Баерн Швајнштајнгер ја стекна пред се поради неговата решителност и големата помош за време на СП во Бразил, кога играчот од средниот ред и покрај повредата реши да игра во финалето со Аргентина.