Најдобри евтини телефони

Од:

Паметните телефони доминираат на пазарот, но постојат корисници на кои телефоните им се потребни само да се јават и да испратат порака.

ЛГ С299 – Моделите со КВЕРТИ тастатура се карактеристични за БлекБери, но повремено некои други производители претставуваат некој таков модел. Јужнокорејците во овој вградиле дисплеј од 2,2 инчи, камера од 0,3 мегапиксели и батерија од 950 mAh. Цената е 120 евра.

Нокиа 515 – Оваа компанија најмногу вложува во вакви модели. Вниманието го привлекува 515 поради добриот хардвер кој го сочинува дисплеј од 2,4 инчи и камера од пет мегапиксели. Цената е 135 евра.

Алкател 2000 – Претставен е кон крајот на минатата година и наманет првенствено за оние кои сакаат наједноставен телефон. Карактеристично за него се големите тастери, дисплеј од 2,4 инчи, но нема камера. Цената е 40 евра.

Филипс Х2300 – Иако не се толку активни на пазарот, повремено претставуваат нов модел. Овој е со дисплеј од 2,4 инчи, камера од два мегапиксели и батерија од дури 2.000 mAh. Поддржува дури три СИМ картички. Неговата цена е 95 евра.

Кат В25 – Најиздржлив телефон на оваа листа. Водоотпорен е до длабочина од еден метар, како и на пад од два метра. има дисплеј од два инча и камера од два мегапиксела, а батерија 1.300 mAh. Цената е 85 евра.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска