Украинските сили се повлекле од аеродромот во Луганск

Од:

Украинските сили се повлекоа денеска од главниот аеродром во Луганск, во источна Украина, откако претходно добија наредба да го сторат тоа, изјави портпатолот на украинската војска, Андриј Лисенко.

– Украинските сили во регионот на Луганск добија наредба и се повлекоа од аеродромот, истакна Лисенко.

Тој истакна дека во изминатите 24 часа загинале седуммина украински војници.

Претходно денеска беше соопштено дека украински војници се судриле со руски тенковски баталјон во Луганск, а дека руските воени единици се движат кон други големи градови во источна Украина.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17