Четворица планинари загинаа денеска на италијанските Алпи откако паднале во бездна длабока 3.000 метри, соопшти спасувачката служба.
Тие се наоѓале во група од шест планинари, кои се обидувале да се качат на планинаски врв, североисточно од Милано.
Откако се влошиле временските услови, двајца планинари одлучиле да се вратат, додека останатите одлучиле да продолжат да се искачуваат и нешто подоцна доживеале несреќа.
Ледениот дожд и маглата оневозможија да биде испратен хеликоптер на местото на несреќата, што ги отежна напорите на спасувачкиот тим да стасаат до жртвите.