Фудбалерите на Баер Леверкузен ја постигнаа и втората победа во новото првенство на Бундес лигата. На домашен терен попладнево во рамките на 2.коло ја победија Херта со 4:2, иако гостите имаа водство во два наврати од 1:0 и 2:1.
Баер е единствената екипа досега со максимални 6 бодови.
На другите денешни дуели беа постигнати следниве резултати: Вердер – Хофенхајм 1:1, Хамбургер – Падерборн 0:3, Штутгарт – Келн 0:2 и Волфсбург – Ајнтрахт 2:2.
Од 18:30 часот се игра дербито меѓу Шалке и Баерн.
Вчера Борусија Дортмунд го победи Аугсбург на гости со 3:2.
Утре се играат натпреварите: Мајнц – Хановер и Фрајбург – Борусија Менхенгладбах.