Рохани ги осуди западните санкции кон Иран

Од:

Иранскиот претседател Хасан Рохани ја осуди последната рунда на западните санкции против Исламската република.

Соединетите Американски Држави најавија дека ќе воведат нови санкции против повеќе од 25 ирански правни и физички лица кои Вашингтон го обвини за низа прекршувања – вклучувајќи проширување на иранските нуклеарни активности, избегнување санкции и поддршка на тероризмот во регионот. Шест ирански банки, авиокомпании и истражувачки институт се меѓу санкционираните, јави Радио Слободна Европа.

Во своето денешно обраќање Рохани ги нарече санкциите угнетување.

– Санкцијата е угнетување и агресија и ние треба да застанеме против оваа агресија, треба да го сузбиеме агресорот и да не дозволиме санкциите да се одржуваат и да се повторуваат, изјави Рохани.

Западните земји се сомневаат дека Иран скришно произведува нуклеарно оружје заедно со својата цивилна програма, обвинение коешто Техеран постојано го негира.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Иран и Шведска разменија затвореници

Телеграма за сочувство до раководството и до иранскиот народ, упати претседателот на Левица, Димитар Апасиев

ВИДЕО: Ќерката на убиена Иранка ја прослави смртта на Раиси со алкохол и босанска песна

Израел тврди дека не е вмешан во смртта на Раиси

(ВИДЕО) Објавена снимка: спасувачите ги носат телата по несреќата на Раиси

Што ќе се случува по смртта на Раиси

Катерина Ѓуровски