Времето претпладне во Македонија ќе биде умерено облачно и потопло со подолги сончеви периоди, а во попладневните часови со локален пороен дожд и појава на грмежи повеќе во западните делови од земјава.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 27 до 33 степени.
Во Скопје слично време, претпладне умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локален слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 26, а дневната ќе се искачи до 29 степени
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Од понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и поројни. Се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен проследени со појава на грмежи. Од вторник следува пад на дневната температура за околу пет степени и истата ќе се движи од 23 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.