Времето утре – умерено облачно и потопло

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде умерено облачно и потопло со подолги сончеви периоди, а во попладневните часови со локален пороен дожд и појава на грмежи повеќе во западните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 27 до 33 степени.

Во Скопје слично време, претпладне умерено облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локален слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 26, а дневната ќе се искачи до 29 степени

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Од понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат пообилни и поројни. Се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен проследени со појава на грмежи. Од вторник следува пад на дневната температура за околу пет степени и истата ќе се движи од 23 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски