Терористичката група Исламска држава објави денеска видео во кое е покажано како вооружен џихадист обезглавува курдски војник во Северен Ирак.
На видео-клипот се гледа маскиран вооружен маж со наводно, курдски заробени борци облечени во портокалова облека. Во следниот инсерт жртвата е на колена пред да биде обеглавена пред џамија во северниот ирачки град Мосул.
Тие упатуваат закани до курдски лидери дека ќе извршат нови убиства ако не запрат со поддршка на САД во офанзивата. Автентичноста на видеото според западни медиуми, не може да биде потврдена.
Минатата недела Исламска држава на ист начин покажа обезглавување на американски новинар кој исчезна во Сирија во 2012 година.