Централното претседателство на ДПА не донесе конечна одлука за напуштање на Парламентот

Од:

Централното претседателство на Демократската партија на Албанците-ДПА не донесе дефинитивна одлука за напуштање на Парламентот, по завчерашниот инцидент и тепачката на пратениците на ДПА и ДУИ на состанокот на собранискта Комисија за финасирање и буџет.

Ова го изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи по попладневната седница на централното претседателство во проширен состав со присуство и на претседателите на ограноците на партијата во седиштето во Тетово.

– Иако сме многу блиску до одлуката да не се враќаме во Парламентот, ќе ни биде потребно дополнително време за најпрвин внатрепартиски консултации и консултации со меѓународниот фактор, по што ќе донесеме конечна одлука, рече Тачи.

Според него, завчерашниот инцидент е сценарио на Али Ахмети и ДУИ со кој сакаат, како што рече,  да и ја затворат устата на опозицијата.

– Речникот и пцостите на пратениците на ДУИ немаат ништо заедничко со албанската традиција и култура. Кога некој нормален човек  така без повод ќе биде навредуван и пцуен, ќе реагира како што реагираа нашите пратеници, изјави Тачи.

На денешната седница на централното претседателство на ДПА бил формиран Совет за организирање на 6-тиот редовен конгрес на ДПА, што се планира за следната година. Со него ќе раководи пратеникот Орхан Ибраими. Иако тој беше директен учесник во завчерашниот инцидент во Собранието, Ибраими денеска не сакаше ништо да коментира за тоа.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он