Иран: Израел е на колена

Од:

Иран денеска соопшти дека палестинските екстремисти извојувале победа и својот израелски непријател го турнале на колена во текот на крвавите 50-дневени судири во Појасот Газа.

– Херојскиот палестински народ отвори нова ера со победата на отпорот, кој го доведе ционистичкиот режим на колена. Победата го отвора патот кон конечно ослободување на своите окупирани територии, посебно на Ерусалим, се наведува во соопштението на иранското Министерство за надворешнио работи.

По седумнеделниот палестинско-израелски судир вчера е постигнат неограничен прекин на огнот.

Палестински претсатвник изјави дека договорот за прекин на огнот вклучува и крај на осумгодишната блокада на Појасот Газа. Укинување на блокадата беше клучно барање на Палестинците за постигнување на примирјето.

Од почетокот на конфликтот, 8. јули загинаа 2.143 Палестинци и 70 Израелци. Според Обединетите нации 70 проценти од палестинските жртви се цивили, додека 64 од загинатите Израелци биле војници.

Би можело да ве интересира

Поддршка за планот на Бајден за Газа: „Да ја завршиме оваа војна“

Бајден потврди дека Израел му понудил примирје на Хамас: Време е оваа војна да заврши

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

„Овој ужас мора да престане“ – Итна седница на Советот за безбедност на ОН по нападот на Израел на Рафа

„Репортери без граници“ повторно го тужи Израел пред Хашкиот суд

ВИДЕО: Израел одговори на нападот на Хамас, погоден е камп за бегалци

Катерина Ѓуровски